ВИДЕО: Скопје ја надигра Победа, борбата за бараж станува жешка!

Екипата на Скопје забележа огромна победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и на домашен терен со 1-0 (1-0) го совлада директниот конкурент за опстанок, екипата на Победа и со позитивниот резултат е во игра за баражот и се ќе решава последното коло.

Ако во есенскиот дел беа прежалени, во пролетниот дел фудбалерите на Скопје се вистински хит и може да се спасат и наредната сезона да играат во ПМФЛ. Можеби победата на домашните требаше да биде и повисока, но затаи реализацијата во клучните моменти. Скопје и Победа сега имаат по 35 бода, а се ќе се решава во последната рунда која се игра викендов. Предноста при евентуален ист број на бодови е на страната на прилепчани, поради подобрата гол-разлика. Во меѓусебните дуели резултатот е 2-2, тимовите имаат дадено ист број на голови, па така, во случајов се брои вкупната гол-разлика.

Скопје диктираше темпо на игра во мечот и притискаше, имаше и шанси преку Бопесу, но тој не погоди. Победа, пак, се бранеше, како да ѝ одговараше нерешен резултат и чекаше на контра. Одбранбениот бедем на прилепчани држеше до 17. минута, кога се направи пенал, а го реализира Алексовски.

По примениот гол Победа се отвори, но направи само една сериозна шанса. Во средината на првиот дел, Виктор Велковски биеше со глава, но пречката беше сојузник на домаќините од Автокоманда. Со минимална предност Скопје замина на пауза, а во вториот дел, Димитровски и Петковски имаа одлични шанси, но не успеаја да го удвојат триумфот.

Пред самиот финиш Скопје можеше да остане без полн плен, но ударот на Даноски од далечина заврши во пречката од голот на Стефановиќ.

Во последното коло Скопје гостува кај Работнички, додека Победа ќе биде домаќин на Ренова. Во игра за местото кое води во баражот е и Пелистер, но битолчани ќе имаат пеколна задача затоа што гостуваат кај Шкендија, која ќе слави првенствена титула.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 РеноваРенова 1 1 0 0 4:3 1 3
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 2:1 1 3
3 ПобедаПобеда 1 1 0 0 1:0 1 3
4 ШкендијаШкендија 1 0 1 0 2:2 0 1
4 ВардарВардар 1 0 1 0 2:2 0 1
6 ШкупиШкупи 1 0 1 0 1:1 0 1
6 СилексСилекс 1 0 1 0 1:1 0 1
8 РаботничкиРаботнички 1 0 0 1 3:4 -1 0
9 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 0 0 1 1:2 -1 0
10 БеласицаБеласица 1 0 0 1 0:1 -1 0