ВИДЕО: Скопје и Академија Пандев со реми во Автокоманда останаа соседи на табелата

Екипите на Скопје и Академија Пандев ремзиираа во рамките на 28. коло од ПМФЛ (1-1). Ова беше дуел на две екипи кои се борат за опстанокот во елитата. па останаа соседи на табелата по уште едно интензивно коло. 

Академија Пандев поведе многу рано, уште во втората минута од натпреварпт преку Ваме Крстевски, откако гостинскиот тим одигра супер акција при постигнувањето на погодокот. Скопјани имаа уште една добра прилика во првиот дел преку Најдовски кој биеше со глава од пет-шест метри, но младиот Марко Алчевски успеа да го скроти ударот. Потоа и Врдољак се обиде од слободен удар за гостите, но топката заврши над домашниот гол.

Во второто полувреме сосема поинаква слика за домашниот состав. Скопје заигра многу поцврсто и поконкретно, а тренерот Мирсад Јонуз очигледно знаел како да ги мотивира своите фудбалери во соблекувалнта. 

Екипата од Автокоманда создаде неколку изгледни прилики, а голот пристигна во 60. минута, кога Ајдари умешно пропушти една топка за Омерагиќ, кој успеа да ја смести топката во мрежата на „пандевци“ (1-1). Скопје се обиде да стигне и до целиот плен. Академија Пандев малку падна во темпото, но сепак ниту домаќините не успеаја да направат целосен пресврт, по што двете екипи мораа да се задоволат со реми од денешниот интересен и динамичен натпревар.

Академија Пандев останува на деветтата позиција со 23 бодови, додека тимот на Скопје е едно место подолу со 19 бодови. Битката за опстанок во Првата лига допрва ќе се разгорува. Скопје во следното коло ќе гостува кај Македонија Ѓорче Петров, а Академија Пандев ќе биде голем фаворит на домашен терен против прилепска Победа. 

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Александар Васоски