Скопје еден од десетте нови домаќини на Суперкупот

Монако беше местото каде долго време се одигруваше натпреварот од европскиот Суперкуп.

Оваа година Хелсинки ќе биде десеттиот различен домаќин на најдобрите тимови од претходната сезона во еврокуповите. Меѓу домаќините беше и Скопје во 2017 година, кога Реал Мадрид го победи Манчестер Јунајтед и го освои својот четврти трофеј.

Покрај македонската престолнина домаќини биле уште и Прага (2013), Кардиф (2014), Тбилиси (2015), Трондхајм (2016), Талин (2018), Истанбул (2019), Будимпешта (2020) и Белфаст (2021).

Стадионот „Луј Втори“ во Монте Карло беше организатор на ова натпреварување во периодот од 1998-2012. Рекордери по бројот на титули се Милан и Барселона со по пет одличја.