Сколс: Не ми е срам да кажам дека го избегнував Меси, оти знаев што ме чека! 

Според Пол Сколс, легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, без дилеми најдобар фудбалер на денешницата е Лионел Меси. 

Поранешниот креатор на играта на „ѓаволите“ имаше бројни шанси да се надигрува против аргентинскиот ас, а како што вели тој, во финалето на Лигата на шампионите во 2011 година избегнувал дуел со Меси, затоа што не сакал да биде посрамотен. 

„Не е срамота да признаам дека во тоа финале против Барселона избегнував дуели еден на еден против Меси, бидејќи знаев што ме чека. За мене без дилеми тој е најдобриот на светот“, рече Англичанецот. 

Оваа изјава на Сколс сигурно нема да му се допадне на неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо, кој му е најголемата конкуренција на Меси на врвот на светскиот фудбал во последните 15 години.