Сколс ја напушти клупата на Олдам по само еден месец и со само една победа

Пол Сколс не е повеќе тренер на англискиот Олдам, откако по само 31 ден го раскина својот прв самостоен тренерски ангажман. Легендарниот ас на Манчестер Јунајтед поднесе оставка по скромните резултати на клубот за кој навива од своето детство. 

Олдам запиша само една победа под водство на Сколс, а навивачите беа критични за играта под водство на легендата. 

„Жалам што го напуштам клубот за кој навивам цел живот. Веднаш стана јасно дека нема да можам да работам онака како што посакував и како што ме наведоа да помислам пред да ја прифатам работата. Сакав да одработам најмалку една и пол гофина, а сите кои ме познаваат знаат колку бев горд кога го потпишав договорот“, изјави Сколс по зминувањето од клубот.

На седум натпревари Скоплс запиша само една победа, со три нерешени средби и три порази.