ВИДЕО: Сколари го презеде Палмеирас како седми и го круниса како првак!

Палмеирас од Сао Паоло го совлада Васко де Гама со 1-0 и математички ја потврди десеттата титула во клупската историја во Бразилерао. Така, по само шест месеци од враќањето од Кина, Луис Фелипе Сколари им донесе трофеј на „зелените“.

Со голот на резервистот Дејверсон во 71. минута, екипата на Палмеирас дојде до 77 бода и на едно кол до крајот има недостижна предност од пет бода пред второпласираниот Фламенго.

70-годишниот Сколари кога пристигна во јуни, екипата беше на седмото место, но запиша 16 победи и само шест реми натпревари во следните 22 дуели и заслужено го освои шампионатот на Бразил.

На прес-конференцијата фудбалерите на оргинален начин му го честитаа успехот на ветеранот на тренери: