• Иван Димовски
Лука Модриќ е во последните месеци од договорот со Реал Мадрид. Актуелниот договор со клубот му истекува на крајот на јуни, а желбата на ветеранот е да остане уште една година.
Сепак, во Мадрид веќе се подготвуваат за животот „по Модриќ“. Дури и да остане и следната сезона, јасно е дека Модриќ веќе е во залезот на кариерата и не може да биде лидер на теренот. Според информациите од Шпанија, поточно од инсајдерите на клубот во Реал веќе се даваат јасни насоки на скаутите.
Скаутинг службата доби неблагодарна задача од управата на Реал Мадрид. Од нив се бара невозможното, да го пронајдат „новиот Модриќ“ за иднината. „Кралскиот“ клуб сака да пронајде фудбалер со слични карактеристики на Хрватот, па скаутинг мрежата ќе има многу работа за следните трансфер периоди.