Скапото засилување на Сити по само една сезона заминува во Саудиска Арабија?

Манчестер Сити е пред продажба на Холанѓанецот Тијани Реијндерс, кој би требало кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Англискиот клуб постигнал договор со Ал Кадисија за трансфер вреден околу 60 милиони евра, но конечната одлука сè уште зависи од самиот фудбалер.

Рејндерс во Сити пристигна во 2025 година од Милан, но по само една сезона би можел да го напушти „Етихад“. Интересот на Ал-Кадсија е сериозен, а преговорите меѓу клубовите се веќе во напредна фаза.

Холанѓанецот минатото лето беше платен околу 46,5 милиони фунти, а сега Сити има можност да оствари значителна заработка од неговата продажба.

Доколку трансферот биде реализиран, Реијндерс ќе стане уште едно големо име кое кариерата ја продолжува во саудискиот фудбал. Засега, сепак, останува да се постигне конечен договор и со самиот играч.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.