• Горан Упале
Средба на старите познаници во второто коло од Б-лигата во Лигата на нации: Шведска во Солна ќе се судри со Норвешка. Комшискиот дуел на двете скандинавски репрезентации ќе биде се, само пријателски – не.
Швеѓаните во минатиот циклус од Лигата на нациите беа дел од А-дивизијата но завршија како последни во група со Франција, Португалија и Хрватска, па сега ќе имаат желба да се вратат во елитата. И едните и другите беа повеќе од добри во квалификациите за СП, ама една ќе го пропушти Мундијалот во Катар поради киксовите во финишот на циклусот, па максимално ќе може да се посвети на Лигата на нациите и да им конкурира на Србија и Словенија за лидерската позиција.
Норвешка ќе биде практично во најсилен состав, предводена од новиот напаѓач на Манчестер Сити, ЕрлингХаланд и одличниот офанзивен играч за врска од Арсенал, Мартин Одегард, додека Швеѓаните ќе бидат без Златан Ибрахимовиќ (го оперира коленото), иако селекторот Јане Андерсон веќе некое време се навикна да игра без шпицот на Милан.
Судирите на двете селекции од северот на Европа главно гарантираат голови. Ако ги сметаме и пријателските, на седум од девет меѓусебни дуели на Норвешка и Шведска во овој век беше ГГ или 3+. Во натпреварувачките дуели, а беа само два во споменатиот период и тоа пред три години во квалификациите за Европското првенство немаше победник, додека во пријателските скорот е изедначен – по две победи на двете репрезентации и три ремија.