Скандинавската фудбалска асоцијација: Ја напуштаме ФИФА, ако се потврди СП на две години!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) во изминатиот период агресивно најавува дека планира сериозно да го разгледа предлогот да има Светско првенство на секои две години.

Првиот човек Џани Инфантино верува дека овој потег ќе донесе големи придобивки во фудбалот низ целиот свет. Дури и ќе го врати интересот кај младите, кои започнаа да се насочуваат кон други спортови и фудбалот да го ставаат во споредна улога.

Од Скандинавската фудбалска асоцијација, каде членуваат Данска, Шведска, Норвешка, Финска, Исланд и Фарски Острови, се заканија дека ако тоа се случи, тие ќе побараат да ја напуштат ФИФА. Фудбалските љубители и поголемиот дел од фудбалерите се против оваа идеја. Тие сметаат дека традицијата треба да се задржи и дека светски собир треба да продолжи да се организира на секои четири години.

Заминувањето од ФИФА нема да влијае на ниту еден национален или клупски тим кој е член на УЕФА и игра во европските натпреварувања.