Скандинавците убедливи, Китановски и Кукс немоќни во Унгарија

Малме

Вечерва се играат првите натпревари од квалификациите за Лига Европа во кои најубедливи резултати запишаа скандинавските претставници за кои ќе треба да се случи чудо да бидат елиминирани.

Брондби на домашен терен го победи Интер Турку (4-1), Малме со седум гола славеше против Балимена Јунајтед (7-0), а Молде пред своите гледачи исто така со „седумка“ го порази Рејкјавик (7-1).

Македонските интернационалци не можат да се пофалат со солидни резултати. Кукс на Томе Китановски загуби на гости кај фаворитот Дебрецен (3-0), Ружомберок на Тихомир Костадинов беше надигран дома од Левски (0-2), а Раднички Ниш каде настапува искусниот Александар Тодоровски доживеа пораз кај Флора.

Нашите претставници во квалификацискиот циклус денес запишаа два порази и едно реми. Шкупи извлече посакуван резултат кај Пјуник, а Македонија ЃП и Академија Пандев не се прославија на првите натпревари и ќе мора да бркаат висока негатива на реваншите.