ВИДЕО: Скандалозна нацистичка посвета од навивачите на Лацио за диктаторот Бенито Мусолини

Бенито Мусолини

Вечерва се одигра дербито меѓу Лацио и Милан во рамки од полуфиналето во италијанскиот Куп. 

Скандалозно видео се појави на социјалните мрежи на кое може да се забележи како навивачите на римјаните прават нацистички поздрави и пеат во чест на починатиот Бенито Мусолини, поранешен диктатор и основач на фашизмот во Италија.

На „Сан Сиро“ присуствуваа над 4.000 гостински фанови кои наидоа на осуда од страна на италијанските медиуми поради овој срамен транспарент.