Скандалот со Платини би можел да донесе промена на домаќинот на СП

Мишел Платини

Поранешниот претседател на УЕФА  Мишел Платини денес беше уапсен поради сомневање дека го наместил доделувањето на домаќинството на Светското првенство 2022 година.

Тој му направил услуга на Катар и му овозможил првпат во својата историја да биде организатор на најголемото фудбалско случување во светот. Постојат докази дека француската легенда ја искористил својата позиција за да влијае на конечниот избор, а неговата вина ќе се докажува во наредните неколку недели.

Поради овој скандал би можело да се случи да има промена во последен момент кога се работи за домаќинот на светскиот собир. Има еден изразит фаворит доколку дојде до тоа. Се работи за Англија која ги исполнува сите услови за организација на еден ваков голем настан.

Обложувалниците по денешното апсење реагираа со намалување на коефициентите Англија да биде домаќин на СП 2022.