Скандалот се шири: Во Белгија уапсени двајца професионални судии

Скандалот за наместени натпреври низ цела Европа, со „епицентар“ во Белгија зема залет. Утрово во Белгија уапсени се двајца професионални ФИФА судии, под обвинение дека учествувале во сомнителните натпревари.

Себастијан Делфиер и Барт Вертентен се лишени од слобода и започната е истрага во која се инволвирани. УЕФА веднаш реагираше и ги повлече делегирањата за споменатите судии, а еден од нив беше во комбинација да суди и во Лигата на нации.

Во 57 рации низ Европа, на испитување се повикани голем дел фудбалски работници, менаџери, тренери, фудбалери. Голем дел од нив се со потекло од бивша Југославија. Менаџерот Дејан Вељковиќ и тренерот Иван Леко се само дел од луѓето кои се повикани на распит во полиција.