• Горан Упале
Претседателот на спортскoто друштво Фенербахче, Садетин Саран, е приведен во Истанбул под обвинение дека користел дрога, објавија турските медиуми.
Турците пишуваат дека Саран, кој има турско и американско државјанство, е приведен во Истанбул откако форензичките тестови пронајдоа траги од дрога во косата на претседателот на Фенербахче.
Истанбулската полиција соопшти дека претседателот на Фенербахче моментално е во притвор под обвинение за стекнување и употреба на дрога, како и поттикнување на други да ги користат. Фенербахче потврди дека Саран е приведен во Истанбул и дека е во тек истрага.
