Скандал во „Супер-класико“: Судијата призна гол за Ривер, ВАР-собата го поништи (ВИДЕО)

Имено, по серијата одбивања во шеснаесетникот, судијата Фалкон Перез реши да покаже кон центарот и да го потврди голот на Лема за Ривер и започна големо славје во Кордоба. Сепак, набрзо стигна повик од ВАР собата и голот беше поништен. Во Аргентина не се користи технологија на гол-линијата, а забавената снимка не покажува дали тоа било гол или не.

Оваа одлука на крајот имаше значително влијание врз конечниот исход на натпреварот, бидејќи голот на Ривер беше поништен при 1-1. 

Употребата на технологијата на гол-линијата чини четири милиони евра по сезона и ова е најверојатната причина зошто таа не се користи во Аргентина.