Скандал во Србија: Дркушиќ ќе го памети дебито, петарда пукна до него на терен! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Раднички Крагујевац и Црвена Звезда (0-1) го одбележа скандал во првото полувреме.

Пред паузата, во близина до аут линијата каде што се наоѓаше фудбалерот Вања Дркушиќ, навивачите на Раднички фрлија петарда или некакво друго пиротехничко средство. Тоа предизвика силен пукот на теренот, во непосредна близина на словенечкиот репрезентативец. 

Дркушиќ го имаше своето деби за Црвена Звезда, меѓутоа мораше да биде заменет уште на полувремето поради случката.