Скандал во Словенија: Тренерот на Радомље му удри шлаканица на екс фудбалер на Вардар

И покрај поразот од Радомље, екипата на Домжале успеа да се пласира во Конференциската лига како претставник на Словенија. Но, дуелот од последното, 36. коло во словенечкиот шампионат беше одбележан со скандалот што се случи за време на натпреварот.

Тренерот на домашната екипа Оливер Богатинов му удри шлаканица на поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина и екс-член на Вардар, Сенијад Ибричиќ, а сето тоа го забележаа камерите.

Камерата го улови моментот кога Богатинов се расправаше со спортскиот директор на гостите Сенијад Ибричиќ, а потоа му удри шлаканица. Ибричиќ остана ладен на сето ова, се насмевна и не реагираше на срамниот потег на тренерот на Радомље.

Ибричиќ една сезона го носеше дресот на Вардар со кој ја освои ПМФЛ во сезоната 2014/2015 година.