Скандал во Русија: Ивановиќ одбил допинг тест и ги избркал агентите од тоалет!

Бранислав Ивановиќ

Српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ ја освои титулата во Русија со екипата на Зенит.

Тоа го направи носејќи ја капитенската лента која го прави привилегиран на теренот. Но, тоа не е случајот надвор од него, особено не кај агентите од Руската антидопинг агенција (РУСАДА).

Пред мечот со Динамо Москва, 35-годишнииот ветеран предизвикал скандал и ги исфрлил агентите од тоалетот. Расправијата траела околу еден час, а потоа тој попуштил и го направил тестот кој на крај имал негативни резултати.

РУСАДА реагираше со писмо до рускиот клуб во кое порача да се разговара со фудбалерот со цел да се избегнат слични ситуации во иднина.

Агенцијата исто така потврди дека Ивановиќ ќе ја добие заслужената казна во наредните неколку дена.