• Иван Димовски
„Дерби дела Капитале“ во четвртфиналето на Копа Италија го реши Матија Закањи, кој со гол од пенал донесе триумф за Лацио над Рома (1-0).
Овој натпревар на „Олимпико“ го одбележа и еден скандал. Имено, за време на натпреварот младата ѕвезда на „волчицата“ Едоардо Бове доби удар со стаклено шише од пиво. Навивачите на Лацио фрлија кон теренот и го погодија Бове во пределот на вратот.
За среќа ударот не предизвика проблеми кај младиот фудбалер, а може да биде задоволен што истиот не беше во главата...