• Горан Упале
Англискиот фудбалски судија Дејвид Кут се најде во центарот на скандал откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој ги навредува Ливерпул и нивниот поранешен тренер Јирген Клоп, нарекувајќи го клубот „го**а“, а Клоп „п**ка “.
Кут, кој претходно се судри со Клоп поради контроверзните судиски одлуки, е суспендиран додека трае истрагата од страна на Премиер лигата.
Official: PL referee David Coote has been suspended with immediate effect pending a full investigation.
PGMOL will be making no further comment until that process is complete. pic.twitter.com/CZFIbP8E1F
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 11, 2024
Најпознат е случајот кога не му покажа црвен картон на Џордан Пикфорд откако тешко го повреди Вирџил ван Дијк на дербито со Евертон кое заврши 2-2, по што Клоп јавно го критикуваше Кут.
Судската организација ПГМОЛ нема да го коментира случајот додека не заврши истрагата, јавуваат британските медиуми.