Скандал во најава: Реал не сака да игра на Светското клупско првенство

Реал Мадрид, новиот европски шампион, не сака да игра на Светското клупско првенство кое е закажано за 2025 година заради напорниот распоред кој тимот го има во актуелната сезона.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) уште од поодамна ја најави реформата на ова натпреварување, кое во следното издание ќе изгледа како вистинско Светско првенство, со 32 учесници од сите континенти, а ќе се игра во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули.

Сè уште не се познати имињата на сите 32 клуба кои треба да играат на Светското првенство, но покани добија: Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид, Ред Бул Салцбург, Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Монтереј, Пачука, Ал-Хилал...