Скандал во МЛС: Брат на аргентинска легенда доби отказ поради сексизам!

Голем скандал го потресе Колумбус Кру, кој му врачи отказ на помошниот тренер Федерико Игуаин, поради физички напад и несоодветни коментари кон судијка на натпревар од развојната лига.

Игуаин, брат на поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин, по натпреварот ја фатил судијката за рака и, иако таа трипати побарала да ја пушти, тој одбил. Притоа ѝ рекол: „Не заборавај дека ова е машки спорт.“

Поради инцидентот добил директен црвен картон, а лигата дополнително го суспендирал на два натпревари. Сепак, Колумбус Кру одлучи да го отпушти.

„Сметавме дека тоа е во најдобар интерес на клубот, нашите играчи и тренерскиот штаб“, изјави генералниот менаџер на клубот, Иса Тал.

Здружението на судии го осуди однесувањето на Игуаин, оценувајќи го како физичко заплашување и сексистички напад, и побара неговата суспензија да биде најмалку шест натпревари.