Скандал во Арсенал: Озил го гаѓаше Емери со јакна по измената!? (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал забележа пораз на гостувањето во Ливерпул кај Евертон (1-0), а Месут Озил направи инцидент кој би можел да го чини скапо за време на престојот во тимот од „Емирати“.

Озил беше повлечен од игра во 74. минута, а додека одеше кон предвидената клупа за резервни играчи, го гаѓаше тренерот Унај Емери со јакна.

Одамна се зборува дека односите меѓу двајцата членови на Арсенал не се на највисоко ниво, а незадоволството на Озил и реакцијата само го потврдува тоа.

Фудбалерот кој игра во средниот ред многу веројатно ќе добие и казна за овој потег, затоа што членовите на стручниот штаб на Арсенал и Евертон не можеа да поверуваат што се случи пред нивните очи.