Скандал во Холандија: Ѕвезда на Ајакс удри навивач, па за извини!

Фудбалерот на Ајакс, Стивен Бергхуис удри навивач по поразот на неговиот тим (3-1) од Твенте во последното, 34. коло од холандскиот шампионат. Бергхуис бил снимен како го напаѓа навивачот на Твенте преку оградата, по што службено лице се обидело да го убеди да влезе во автобусот. Пред тоа тој имаше кратка дискусија со навивачите.

Бергхуис експресно се извини за инцидетот. 

„Жал ми е за мојата постапка, не требаше да го направам тоа. Навикнат сум на провокации, но луѓето мислат дека можат да викаат што сакаат. Мојата реакција не не беше добра“, рече Бергхуис.

Ајакс имаше разочарувачка сезона, која што ја заврши на третата позиција и првпат по 2010 година нема да игра во Лигата на шампионите.

Состави

Joseph Oosting

4-3-3

    Maurice Steijn

    4-2-3-1