• Саше Љолес
По уште еден разочарувачки пораз, навивачите на француската Ница ја надминаа границата и предизвикаа сериозен инцидент кој ја „разбранува“ целата спортска јавност.
По натпреварот со Лориент (1-3), дел од фановите физички нападнаа играчи и членови на стручниот штаб. Наводно, при враќање кон тренинг‑центарот, навивачите упаднале во автобусот на тимот, каде ги плукале и навредувале своите миленици.
Клубот официјално соопшти дека ја разбира фрустрацијата, но дека таквото однесување е целосно неприфатливо. Двајца играчи на Ница, Жереми Бога и Терем Мофи, биле меѓу најжестоко нападнатите, а нападот доживеале и тренерот и спортскиот директор. Еден од играчите завршил и во болница за да му се пружи лекарска помош.
Овој инцидент ја покажува мрачната страна на фудбалските страсти, особено кога незадоволство од резултатите води до физичко насилство. Полицијата презема мерки за откривање и санкционирање на сторителите.








