ВИДЕО: Скандал во финалето – Мело тешко го прифати поразот го нападна Вокер

Манчестер Сити стана и клупски светски шампион, откако во финалето на турнирот во Саудиска Арабија го совлада Флуминенсе со 4-0.

По натпреварот, во кој блесна аргентинскиот ас Хулијан Алварез со два гола, за малку не дојде до физичка пресметка меѓу играчите. Играчите од двата тима мораа да интервенираат за да спречат тепачка меѓу Кајл Вокер и Фелипе Мело. Сè се случи по последниот судиски свиреж, а на видеото се гледа дека Мело бил тој кој прв ја започнал физичката пресметка.

Со оваа победа Сити стигна до петтиот трофеј годинава по титулите во Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.