ВИДЕО: Скандал во Бундеслигата, капитен нокаутира тренер среде меч

Скандал се случи на мечот меѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт (2-1), затоа што во финишот имаше немили сцени во кои настрада капитенот на гостите и тренерот на домашните.

Давид Абрахам ги загуби нервите и во судиското надополнување „удри“ по тренерот Кристијан Страјх. Топката заврши во аут, а додека Абрахам трчаше по неа, удри со телото во тренерот и го патосира.

Следеше вистински хаос на теренот и немили сцени, а очекувано, Абрахам доби црвен картон и сигурно го чека жестока казна.

Натпреварот меѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт заврши со победа на домашните (1-0), а го реши погодокот на Петерсен во 77. минута од мечот.