• Иван Димовски
Фудбалерите на Сантос славеа на гостувањето кај Жувентуде со 0-3 во претпоследното коло на бразилската Серија А.
Голем скандал се случи по натпреварот, бидејќи еден домашен навивач успеа да се симне на теренот. Тој дотрча пред гостинската клупа и имаше судир со дефанзивецот на Сантос, Зе Ивалдо кој настрада во ситуацијата.
Ивалдо падна пред клупата и изгледаше дека е повреден по овој непланиран и скандалозен потег на хулиганот.

