Скандал во Австрија: Победа од 9-0, некои од головите ЧИСТА КОМЕДИЈА (ВИДЕО)

Екипата на Флоридсдорфер се извини поради поразот од 9-0, кој на Риед му овозможи да се пласира во елитната лига во Австрија.

На крај пресудна беше гол-разликата, која беше на страна на Риед во однос на ривалот Австрија Клагенфурт. Високиот триумф на крајот им овозможи на избраниците на Џералд Баумгартнер да се радуваат на пласман во австриската Бундеслига.

Сепак, јавноста е преполна со реакции по дебаклот на Флоридсдорфер, а се споменува дека ќе биде започната истрага за потенцијална местенка.

Погледнете ги головите и проценете сами: