СКАНДАЛ: Уапсени осум лица во БиХ поради наместени натпревари

БиХ

Осум лица беа уапсени од страна на Агенцијата за истрага и заштита (СИПА), која се сомнева дека учествувале во местење натпревари во босанското првенство.

Фудбалските работници се обвинети поради кршење на законот и тоа: организиран криминал, злоупотреба на функцијата и примање мито. Меѓу уапсените се неколку судии во босанската Премиер лига, а исто така приведени се делегати и други службеници.

Овој скандал одекна утрово, кога во седум часот беше извршена акцијата. Истрагата ќе продолжи во наредниот период кога ќе бидат познати повеќе детали околу целиот случај.

Босанските медиуми пишуваат дека станува збор за кривични дела поврзани со фаворизирање на одредени фудбалски клубови, земање мито и позитивно оценување на судиите кои учествувале во тие акции.