Скандал на повидок: Аргентинската репрезентација обвинета за шверц!

Фудбалската репрезентација на Аргентина, односно сите членови кои патувале на двата пријателски меча против Гватемала и Колумбија, се обвинети за обид за шверц при преминувањето на границата по мечот со Колумбија.

Тие се обвинети дека се обиделе да пренесат роба во вредност од 25.000 долари! „Гаучосите“ не пријавиле материјални добра, електронски уреди, играчки и музички инструменти кои ги имале кај себе во моментот на премин на границата.

Новиот селектор на Аргентинците, Лионел Скалони не е ни месец дена на кормилото на јужноамериканската селекција, а проблемите само надоаѓаат.