СКАНДАЛ: Камерите уловија расистички испад на навивач на Лацио (ВИДЕО)

Дамфрис

Однесувањето на еден навивач на Лацио за време на дербито со Интер би можело да донесе голема казна за клубот.

Домашниот тим направи пресврт и со три гола во мрежата на противникот прокнижи големи три бода. Меѓутоа, победата падна во сенка на ова недолично довикување на домашниот навивач, кој упати расистички навреди кон бекот на гостите, Дензел Дамфрис.

Со оглед на тоа што се гледа ликот кој го прави овој скандал на „Олимпико“, наскоро се очекува надлежните органи да го пронајдат и да му ја врачат заслужената казна.

Иван Перишиќ беше стрелец за „нераѕурите“, кои попуштија во продолжението и го запишаа првиот сезонски пораз на гостувањето во Рим.

Состави

Маурицио Сари

4-3-3

    Симоне Инзаги

    3-5-1-1