Скандал на „Пољуд“: „Торцида“ влезе на терен и се упати кон „БББ“, играчите на Динамо побегнаа (ФОТО)

Екипата на Динамо Загреб по вторпат за четири дена го совлада „вечниот“ ривал Хајдук, овој пат во полуфиналето во Купот на Хрватска.

По дербито на „Пољуд“, дојде до инцидент кога фановите на Хајдук очигледно бесни поради лошиот резултат на нивниот тим, успеаја да ја пробијат оградата на северната трибина и во голем број влетаа на теренот. Играчите кога го виделе ова побегнале во соблекувалната, а членовите на „Торцида“ се стрчаa кон трибината каде што биле сместени „Бад Блу Бојс“.

Сепак, полицијата со многу брза реакција спречи поголеми нереди. Интервентната полиција успешно ги опколи навивачите на Хајдук, го спречи нивниот продор и ги врати назад кон север.