СКАНДАЛ: Данската легенда Ларс Елструп, денес член на секта, ја шокира јавноста и гол влета на терен

Данскиот репрезентативец од златните денови Ларс Елструп се појави гол на теренот за време на вчерашниот натпревар од шампионатот меѓу екипите на Рандерс и Силекборг.

Елструп е еден од најскандалозните ликови во данскиот фудбал и пред 23 години се приклучи на сектата „Срцето на Сонцето”. Подоцна неколку пати се обиде да се самоубие како еден вид религиозен ритуал.

Никој не ги знае причините за вчерашната изведба и втрчувањето на терен како од мајка роден.

Поранешниот дански репрезентативец има 34 натпревари и 13 гола за данската репрезентација.