Скандал: Чеферин го злоупотребувал службениот авион за време на ЕП во Германија

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, се најде во центарот на скандал со користењето на приватниот авион на Европската фудбалска федерација, вреден 24 милиони евра. 

Чеферин во текот на Европското првенство патувал дури 16 пати меѓу градовите во Германија, често одел и дома во Љубљана, а најголемо внимание предизвика регистрираниот лет меѓу Дизелдорф до Дортмунд, кој траел само 14 минути. 

Скандалот избива откако на континенталниот собир се водеше политика за кревање на еко-свеста и намалување на глобалното загадување, а потезите на Чеферин се косат со договорот за користење на еко-возила и електрични возови во текот на првенството.