Скамака го одлучи градското дерби, Џенова обезбеди Куп-осминафинале со Јуве

Македонскиот интернационалец Горан Пандев и неговата Џенова со победа ги започнаа натпреварите од Купот на Италија. Капитенот на нашата фудбалска репрезентација не настапи во победата на „Луиџи Ферарис“ против градскиот ривал Сампдорија со 1-3 (1-0).

Само неколку недели по ремито во првенственото дерби на двата градски ривали, Џенова одигра одлично второ полувреме и ги надигра соседите. Составот на Раниери поведе со голот на Вере со прекрасен удар од далечина уште во 18 минута. По серијата на шанси во првиот дел, тимот на Маран успеа да израмни на почетокот од продолжението. По индивидуалната акција на Шомуродов, Скамака израмни во 54. минута.

Во централната фаза на полувремето Скамака стапи на сцена и со гол и асистенција го реши прашањето на победникот. Најнапред, во 68. минута, по неговиот удар со глава и одбиената топка од Аудеро, Лерагер се најде на вистинското место и погоди за 1-2. Најдобриот фудбалер на Џенова, Џанлука Скамака со прекрасно пласирана топка во 72. минута гипостави финалните 1-3.

Противник на Џенова во осминафиналето ќе биде ланскиот финалист на Купот, Јувентус на Андреа Пирло.