Скалони со никогаш помлад состав против експертите од Колумбија

Првиот голем натпревар на Копа Америка вечерва на полноќ ќе го играат Аргентина и Колумбија на „Арена Фонте Нова“. Два поранешни шампиони ќе се соочат на отворањето на групата Б на турнирот. Селекторот дебитант Лионел Скалони против себе ќе го има искусниот Карлос Кеироз, а Аргентинците не се така јасни фаворити како скоро секогаш во историјата.

Колумбија има поискусна селекција, но Аргентина го има Меси. Скалони ги разреши дилемите околу тимот и вчера пред новинарите најави дека ќе игра систем 4-4-2 со Агуеро и Меси во нападот. Од дебитантите, за првпат на една голема приредба ќе настапат Армани, Ло Селсо, Паредес. Пецела и Гуидо Родригез. Оската Меси - Кун Агуеро - Ди Марија се адутите на „гаучосите“, а јавноста го лансира левоногиот Џовани Ло Селсо од Бетис како „мозок“ на средниот ред.

Колумбијците имаат само еден пораз со новиот селектор во пријателските натпревари пред турнирот. Кеироз ќе се потпре на Фалкао пред Дуван Запата, а поддршка за напаѓачот на Монако ќе му бидат Родригез и Муриел. 

Роберто Тобар од Чиле ќе биде делител на правдата. Претходно од 21:00 часот се игра вториот натпревар од првото коло во групата А меѓу Венецуела и Перу.