Скалони: Почувствувавме крв против Англија и тргнавме...

Аргентина со пресврт ја совлада Англија со 2-1 во полуфиналето на Светското првенство и обезбеди финале против Шпанија.

Селекторот Лионел Скалони смета дека клучниот момент на натпреварот бил промената во пристапот на англиската репрезентација.

„Овој тим игра најдобро кога е под притисок. Кога противникот малку ќе се поколеба, ние ја чувствуваме крвта, шансата и тргнуваме по победа. Тоа е впечатокот што го носам од овој натпревар. Ова е голема радост за нашата земја и нашиот народ. Оваа група играчи никогаш не престанува да ме воодушевува. Ќе го дадеме максимумот во финалето. По ваков натпревар е многу тешко да се пронајде сила, но ќе успееме. Не го велам ова од ароганција, но ние сме единствени. Ќе бевме задоволни дури и да загубевме, затоа што дадовме сè од себе и создадовме шест или седум сериозни шанси. Фудбалот не е само добра игра, потребно е да знаеш и како да страдаш. Не можам да го споредам овој натпревар со оној од 1986 година. Вториот гол на Марадона тогаш влезе во историјата. Овој натпревар беше понервозен дури и од оној против Египет. Иако денес игравме подобро, сè што се случи беше неверојатно. Сега треба да уживаме во овој успех, бидејќи веќе од утре почнуваме да размислуваме за финалето против Шпанија“, изјави Скалони.

Аргентина со триумфот над Англија остана на чекор до историски успех. Доколку ја одбрани титулата освоена во 2022 година, ќе стане првата репрезентација по Бразил во 1962 година која успеала да освои две последователни светски титули.

Големото финале меѓу Аргентина и Шпанија се игра в недела од 21:00 часот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.