• Саше Љолес
Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, имаше само пофални зборови за своите избраници кои минимално славеа кај Уругвај во мундијалските квалификации (0-1).
Актуелниот светски шампион настапи без Лионел Меси и Лаутаро Мартинез, но сепак, успеа да го освои целиот плен и остана цврсто на табелата во јужноамериканската конкуренција.
„Имавме повеќе важни отсуства, но тимот не го прават само неколку имиња. Длабочината на нашата ротација ни дозволува да бидеме фаворити на секој меч. На теренот изгледавме компактно и делувавме дека знаеме што сакаме“, рече Скалони.
Аргентина сега се подготвува за мега-дербито против Бразил, кое ќе се одигра на 26 март.