• Зоран Мишевски
По откажувањата на Меси и Дибала заради повреди, од истата причина и трет аргентински напаѓач нема да настапи во натпреварите од мартовскиот „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Фудбалската репрезентација на Аргентина ќе мора да бара решение за нападот, бидејќи за натпреварите против Уругвај и Бразил нема да игра ниту Лаутаро Мартинез.
Еден од најдобрите фудбалери на Интер на последниот тренинг се пожалил на повреда на ложата. Лаутаро и покрај се сакал да остане во кампот на Аргентина, но докторскиот тим му наредил на напаѓачот веднаш да замине за Милано на дополнителни прегледи.
Скалони од напаѓачите ќе ги има на располагање Алварез, Кореа, Кастро...