• Горан Упале
Светскиот шампион Аргентина гостуваше на „Маракана“ во квалификациите за Светското првенство и го победи Бразил со 0-1. По натпреварот, аргентинскиот селектор Лионел Скалони ја шокираше јавноста, објавувајќи ја можноста за заминување.
„Сакам да кажам една важна работа... Морам да размислувам за многу нешта во овој момент. Морам да размислaм што ќе правам“, рече Скалони, а потоа појасни: „Ова не е мое заминување, но морам да размислам за иднината. Границата е поставена многу високо и тешко е да се продолжи со победите. Нашите играчи заслужуваат селектор кој ќе им даде максимална енергија... Тоа ќе им го кажав на претседателот и на играчите“, заврши селекторот на светскиот првак.
Потоа, Скалони, кој минатата година го освои Светското првенство со Аргентина, ја напушти прес-конференцијата без да одговори на прашањата на новинарите.
Подоцна тој побарал од својот тренерски штаб да се врати на теренот за „последна фотографија“.