Скалони го пречкрта Икарди и ги повика Дибала и Агуеро за Копа Америка

Напаѓачот на Интер Мауро Икарди не се најде во составот на селекцијата на Аргентина за Копа Америка, која за нешто повеќе од три недели почнува во Бразил.

Икарди, кој постигна 17 гола за италијанскиот тим Интер оваа сезона, беше вклучен во поширокиот состав, но селекторот Лионел Скалони одлучи да не се потпира на него за Јужноамериканското првенство.

Скалони и неговите помошници Самуел и Ајала се одлучија за Агуеро и Лаутаро Мартинез како поддршка за Меси, а повикан е и Пауло Дибала. Во списокот доминираат млади фудбалери и голем дел членови на клубови од аргентинскиот шампионат.

Аргентина е во група зедно со селкциите на Колумбија, Парагвај и Катар.

  • Комплетниот список на Аргентина за Копа Америка.