Скалони: Да знаете како играше Меси во финалето, ќе го сакате уште повеќе

Лионел Скалони, селекторот на Аргентина, потврди дека Лионел Меси играл повреден во финале на Копа Америка против Бразил.

Меси доби еден тежок удар во полуфиналето против Колумбија, но и тој нарпревар го одигра повреден, кој „гаучосите“ го добија на пенали, но и овој синоќа на „Маракана“, каде Аргентина дојде од трофејот со голот на Ди Марија.

„Да знаевте на кој начин Меси играше на Копа Америка, би го сакале уште повеќе. Никогаш не можете без играч како него, дури и кога има повреда, како на овој, така и на претходниот натпревар“, рече Скалони.

Меси конечно стигна до посакуваниот трофеј со Аргентина, по неколкуте загубени финалиња и на Копа Америка и на Светското првенство.