Скалони: Би сакал да видам како европска селекција ќе се покаже на Копа Америка

Репрезентацијата на Аргентина ќе игра во полуфиналето на Копа Америка, каде за противник ја има Канада. Во пресрет на натпреварот високите амбиции на Аргентинците ги потврди селекторот Лионел Скалони. Покрај тоа, тој изнесе интересен став и нагласи дека би сакал да види селекција од Европа на континенталниот турнир во Јужна Америка, но и обратно.

„Целта на овие турнири секогаш е да одиш до крај. Веќе го завршивме првиот дел, се надевам можеме и до финалето, а потоа и до титулата. 

Би сакал да видам некоја европска репрезентација на Копа Америка, да видиме како ќе се покаже, но и обратно - наша селекција да игра на Европско првенство. Не постои разлика меѓу репрезентациите кои доаѓаат од различни страни на светот. Репрезенатциите од Северна Америка ни се конкуренти нам од Јужна Америка. Сите репрезентации се на високо ниво и сите се изедначени“, изјави Скалони. 

Аргентина е прв фаворит за трофејот на Копа Америка, а полуфиналниот натпревар го игра в среда по полноќ во 02:00 часот.