Ситуацијата со Де Брујне е енигма, белгискиот ас го мачат повредите и е далеку од решение

Кевин де Брујне е најголемата енигма во Манчестер Сити оваа сезона. Иако многумина веруваат дека Пеп Гвардиола ја загубил довербата во него, вистината всушност е сосема поинаква.

Според тамошните медиуми, откако се појавија гласини за неговиот статус на резерва, Белгиецот не може да игра и да биде стартер. Чувствува болка и секогаш кога игра го продолжува заздравувањето и конечното враќање на теренот. Де Брујне вели дека чувствува болка секој пат кога шутира или додава топка и дека тоа влијае на неговата игра.

Факт е дека Де Брујне долго време не е во добра физичка форма, имаше неколку повреди и паузи, и сè уште не ги средил сите проблеми. Од друга страна, не треба да заборавиме дека договорот му истекува во јуни и дека засега нема индикации дека ќе потпише нов и ќе остане. Белгискиот ас има понуди од Саудиска Арабија и Соединетите Американски Држави, а како што стојат работите изгледа дека во оваа состојба е најблиску до заминување не само од Манчестер, туку и од Европа.

Де Брујне сезонава одигра единаесет натпревари, а на теренот не помина ниту 500 минути.