ВИДЕО: Сити за ПЕТ минути направи епски пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ!

Манчестер Сити губеше 0-2 до 76. минута, а потоа на сцена стапи Илкај Гундоган кој со два гола го најави пресвртот против Астон Вила (3-2) со кој беше освоена овогодишната титула во Премиер лигата. Ова е четврта титула во последните пет години за „граѓаните“ на Гвардиола и десетта титула во тринаесет сезони како професионален тренер во национално првенство за каталонскиот стручњак.

  • Манчестер Сити - Астон Вила 3-2: 

Лидерот започна бавно и смирено, па немаше многу шанси за отворање на резултатот. Пасивната игра на моменти беше казнета од гостинскиот тим. Мети Кеш со глава погоди во мрежата на Едерсон во завршницата од првото полувреме (0-1). Тоа како да ги разбуди избраниците на Пеп Гвардиола кои започнаа да притискаат пред противничкиот гол. На почетокот од вториот дел Габриел Хесус промаши од непосредна близина. Голема шанса не искористи Семи Воткинс, кој во дуел еден на еден не успеа да го надмудри домашниот голман.

Кога веќе немаше погодок во мрежата на Вила, следуваше казна на спротивната страна. Една висока топка одлично ја прими Филипе Кутињо, кој фантастично се ослободи од чуварот и биеше прецизно по земја (0-2). Тоа го стави Сити во незавидна ситуација во пресрет на завршницата од натпреварот. Неизвесноста се врати кога нововлезениот Илкај Гундоган намали на 2-1. Неколку минути подоцна Родри од далечина вторпат во краток период ги израдува навивачите и предизвика делириум на трибините. Епскиот пресврт го комплетира Гундоган со својата втора реализација и за седум минути го реши мечот против тимот од „Вила Парк“.

Ливерпул стигна до јалова победа против Вулверхемптон пред своите гледачи (3-1), но и покрај тоа остана без титулата во домашното првенство.  

  • Ливерпул - Вулверхемптон 3-1:

Шок за домашните фудбалери донесе Нето уште во третата минута. „Волците“ започнаа на посакуван начин и први стекнаа предност. Мохамед Салах остана на клупата, но затоа тука беше Садио Мане да ги израдува навивачите на „црвените“. Сенегалецот успеа да се запише во листата на стрелци и да обезбеди егал. Со тоа се врати вербата на трибините и кај Јирген Клоп, кој немаше избор и во продолжението од натпреварот изврши целосна офанзива пред противничкиот гол.

Салах доби шанса во завршните триесет минути. Одбраната на Вулверхемптон одлично ги извршуваше задачите и им правеше големи проблеми на офанзивците на фаворитот. Дополнителен мотив за домашниот тим беше резултатот од Манчестер. Клоп не чекаше многу и веднаш во игра го стави Роберто Фирмино во обид да стигне до толку посакуваниот погодок. Третата реализација беше дело на Ендру Робертсон. Меѓутоа залудна беше радоста на Ливерпул, бидејќи резултатот во Манчестер не му одеше во прилог. 

Состави

Пеп Гвардиола

4-3-3

    Стивен Џерард

    4-3-2-1