ВИДЕО: Сити во три минути го сврти мечот со Лутон, Челзи потона кај Евертон

Екипата на Манчестер Сити конечно победи во Премиер лигата. По четири кола тимот на Пеп Гвардиола го доби Лутон на гостински терен (2-1) и тоа мораше да се помачи, затоа што славеше со пресврт.

  • Лутон Таун - Манчестер Сити 1-2:

Аутсајдерот одолеваше на нападите на фаворитот, а пред крајот на првото полувреме Адебајо го искористи просторот кој му се даде и по асистенција на Таусенд донесе предност за дебитантот во елитата.

Реакцијата на Пеп Гвардиола беше навистина чудна за него, а на паузата сигурно имал што да им каже на неговите фудбалери затоа што веднаш видовме реакција. Во само три минути, Сити го сврти мечот кај Лутон. Стрелци беа Бернардо Силва и Џек Грилиш во 62. и 65. минута.

  • Евертон - Челзи 2-0:

Евертон забележа голем триумф во битката за опстанок и му избега на Лутон, со домашна победа над Челзи (2-0). „Карамелите“ врзаа три важни победи, а оваа ја донесоа Дукуре во 54. минута и Добин во 92. минута од мечот на „Гудисон парк“.

  • Фулам - Вест Хем 5-0:

На последниот меч во попладневниот термин Фулам го разби Вест Хем (5-0).

Состави

Rob Edwards

3-4-3

    Пеп Гвардиола

    4-2-3-1