• Иван Димовски
Манчестер Сити убедливо ја совлада Спарта Прага (5-0) во третата рунда на Лигата на шампионите. Англискиот првак одигра перфектен меч на „Итихад“ за второ славје во натпреварувањето.
Со оваа победа, поточно бидејќи не загубија „граѓаните“ срушија еден рекорд. Сити е клуб со најдолга серија без пораз во историјата на Лигата на шампионите, вкупно е на 26 меча. Последен пат момците на Гвардиола загубија во елитното натпреварување во сезоната 2021/22.
26 - Manchester City have set a new record for unbeaten games in the history of the European Cup/UEFA Champions League, going 26 without defeat (W18 D8) and breaking the record set by rivals Manchester United between 2007 and 2009 (a run of 25). Mastermind. pic.twitter.com/bEs0G9qyhf
— OptaJoe (@OptaJoe) October 23, 2024
Оваа победа значи дека Манчестер Сити на Пеп Гвардиола го надмина Манчестер Јунајтед на Сер Алекс Фергусон кој не знаеше за пораз од септември 2007 година до мај 2009.