ВИДЕО: Сити среде Ливерпул го доби Евертон и се искачи на врвот на ПЛ

Фудбалерите на Манчестер Сити во рамките на 27. коло на „Гудисон Парк“ го совладаа Евертон со 0-2 (0-1) и за момент се искачија на врвот на Премиер лигата, откако се израмнија според бројот на бодовите со Ливерпул, но имаат подобра гол-разлика од „црвените“.

Избраниците на Пеп Гвардиола од самиот старт тргнаа офанзивно, но домаќините успеваше да се одбрани од нивните напади. Првата шанса за „граѓаните“ ја имаше Лапорта, а во 19. минута Агуеро биеше само во стативата.

И во продолжение на првото полувреме Сити играше главно пред голот на домаќините, но беа безуспешни во завршните моменти се до 47. минута од првиот дел. Ајмерик Лапорт ја искористи асистенцијата од Давид Силва и со глава го матира Пикфорд (0-1).

На почетокот на вториот дел „карамелите“ се обидуваа да бидат рамноправни, а првата голема шанса ја имаше Агуеро, но Аргентинецот промаши буквално празен гол. До крајот на мечот „граѓаните“ успешно ја чуваа својата минимална предност, не му дозволија на Евертон посериозно да го загрози Едерсон, а во 97. минута Габриел Хесус ги постави конечните 0-2.

Во следното коло Манчестер Сити на „Итихад“ ќе го пречека тимот на Челзи, додека Евертон серијата од два порази по ред ќе се обиде да ја прекине против Вотфорд на гостински терен.